Sprache

 

 

 

 

 

 

 

!!! Годишен план на Богослужби за 2019 !!!

 

 

 

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКОВНА ОПШТИНА
"Св НАУМ ОХРИДСКИ " од Tринген - ШВАЈЦАРИЈА
На Сите Православни верници
им ги честита Божикните и Богојавленските празници
и ви посакуваме Среќно 2019 Лето Господово
поздравувајќи ве со Божикниот поздрав

 
ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!

 

 

 

 

 Јануари

 

 

 05.01.2019   Сабота,    Св.Наум Охридски Литургија    10ч

 

 

 

 

06.01.2019 Недела,   Неделна Литургија -- Бадник 10 ч

 

07.01.2019   Понеделник,   Рожденство Христово БОЖИК –Литургија   10 ч

 

 

07.01.2019   Понеделник,   Рожденство Христово БОЖИК – Вечерна Богослужба   18 ч  

 

 

 

          

13.01.2019   Недела,   Неделна Литургија - БОЖИЌНА ПРОСЛАВА  10 ч

 

Божикната прослава ќе се одржи на ден 13 Јануари 2019 Недела во Stadthalle Sursee

со почеток од 12:00 до 18:00 часот. За ваше расположение ќе се погрижат естрадните

уметници од Македонија -- Групата – ДРИМТИМ.

 

 

19.01.2019   Сабота,   Богојавление - ВОДИЦИ   9 ч

 

 

На 19 Јануари 2019 , Сабота - Водици,со почеток во 09.00 часот, после Богослужбата за
Богојавленскиот водокрст ке се изврши традиционалното фрлање на крстот во водите на
најблиската река до МПЦО СВ.НАУМ ОХРИДСКИ во Тринген. Секако ке се дели и
Богојавленски Ручок. Донаторите ве покануваат да ги вкусите Македонските Специјалитети.

 

 

20.01.2019 Недела,  Собор на Св. Јован Крстител- Литургија 10 ч

 

 

 


27.01.2019 Недела,  Неделна Литургија   10 ч     

       
27.01.2019 Недела,  ГОДИШНО СОБРАНИЕ   12 ч   

 

 

 

Драги Браќа и Сестри


Како треба да се однесуваме во Црква

 


Кога одиш во црква,мисли дека влегуваш во домот на Небесниот Цар и треба да стоиш исто
онака, како што би стоел на небесата пред Царот на царевите.Исто така, на тоа не упатуваат
и црковните песни, со зборовите : Кога стоиш в црква, мисли дека стоиш на небесата.
Ако сакаш твоите молитви да бидат полезни, прости му на секого што те навредил, та и ти да
можеш да речеш : „ Оче наш, Кој си на небесата, прости ни ги долговите наши како што им ги
проштаваме и ние на нашите должници. “Знај добро дека, ако не си подготвен да им простиш
на оние што те навредиле, нема ни тебе Бог да ти ги прости гревовите. (МТ.6, 15 )
Кога стоиш в црква, не се врти на страна: не ги гледај другите, како тие стојат или се молат,
бидејки ке бидеш осуден како фарисејот, зошто правото да суди Му припаѓа само на Бога, а
не тебе. Гледај кон Олтарот, каде што најсветата жртва се принесува и тивко повторувај си:
„ Боже биди милостив кон мене грешниот ! “
Чувај се како од жив оган од смеење и од разговарање в црква, бидејќи така го навредуваш
Бога и со тоа покажуваш дека немаш почит кон црквата како најсвето место, а ги наведуваш
и другите на грев и им го свртуваш вниманието од молитвата. Слушај внимателно што се
чита и се пее и од тоа насладувај се. И ако твоите мисли скршнат кон нешто друго, обиди се
да се сосредоточиш кон молитви и песни, со кои се слави Бога. Само тогаш ќе ожнееш полна
корист од одењето в црква.
Доаѓајќи в црква, помисли на починатите и на сопствената смрт, која е неизбежна. Помоли се
за починатите и запали свеќа за нив. Ова нема само ним да им користи, но, исто така и тебе,
бидејќи со тоа покажуваш љубов кон својот брат. В Црква, пак, спомни си за твоите живи
браќа, за родителите, за децата и за сите роднини и пријатели и запали свеќа за нивно
здравје.
Она што го слушна в црква: песните,молитвите или проповедта, мисли на кој начин можеш
да ги исполниш. Зошто, инако ќе бидеш осуден, бидејќи знаеш што треба да правеш, а не го
правиш тоа. „ Блажени се оние кои го слушат словото Божјо и го исполнуваат “ (Лк. 2 ).
Поучувај ги твоите деца и сето твое семејство така да прават, па ќе бидеш награден од Бога.

 


Протајереј Горан Мантароски.
Христос помеѓу нас .............. Е , и ќе биде !!!
Однапред ви благодариме на Вашата помош
Од управата на црковна општина
"Св. Наум Охридски" од Тринген Швајцарија

 

 

 

 

 

повеке...

 

06.01.2019   Недела

Неделна  Литургија -- Бадник

10 ч

Normal 0 21 false false false DE X-NONE X-NONE /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Normale Tabelle"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-priority:99; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt; mso-para-margin:0cm; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:"Times New Roman","serif";}